еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Александар Георгиевски, новиот градоначалник на Илинден

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во првиот круг на локалните избори

Кој е Александар Георгиевски 

Александар Георгиевски, кандидатот на Илинден е новиот градоначалник на скопската општина Илинден.

Роден е во јули 1984 година во Скопје.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје – политички науки во 2007 година и се стекнува со титула дипломиран политиколог.

Магистрирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот “ФОН” – Скопје во 2013 година, на насока Европска и меѓународна политика и дипломатија.

Зборува англискиот јазик.

Оженет е, татко на едно дете.

Политичка кариера

Има професионално искуство во повеќе државни институции од 2008 година, каде работи во Министерството за надворешни работи и Министерството за правда до 2014 година, стои во неговата официјална биографија.

Во 2014 година работел во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, каде работи како помошник раководител на Сектор за услуги на инвеститори.

Од 2015 година преминува во Министерството за труд и социјална политика каде од 2015 до 2017 година е вработен како раководител на Секторот за европски интеграции и меѓународна соработка, додека од 2017 година до денес е раководител на Секторот за стратешко планирање.

Георгиевски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1999 година, додека од 2004 година до денеска е во континуитет политички активен во ВМРО-ДПМНЕ, каде има извршувано голем број на функции, а во моментов е претседател на Општинскиот комитет на партијата во Илинден и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори во 2013 година за првпат е избран за советник во Општина Илинден, како дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори во 2017 година е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, и од тогаш до денеска ја извршува функцијата претседател на Советот на Општина Илинден.

Бил и член на Училишниот одбор на Средното училиште „Илинден“, од април 2013 до декември 2017 година.

Бил и претседател на Управниот Одбор на Музеј на Град Скопје, од декември 2010 до октомври 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Анго Ангов, старо-новиот градоначалник на Дојран

Семејната династија продолжува: Кој е Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

Кој е Марко Колев, новиот градоначалник на Велес

Фото: Фејсбук/Георгиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Штипски Бетон во загуба

Редакција

Како држава не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат, вели Османи

Редакција