еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немаше владина одлука за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, сведочеше Зеќири на денешното рочиште против Рашковски

Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зеќири, поранешен секретар на Владата.

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), според сведочењето на Трајковски, како што пренесе „360“ Степени, пратила укажување до Генералниот секретаријат на Владата, кога на функцијата бил Драги Рашковски, за да се внимава да не се прекрши Законот за заштита на лични податоци пред набавката на софтверот за биометриска идентификација.

– Во редовните активности на Дирекцијата, со цел превентивно дејствување во делот на заштита на личните податоци, службите редовно ги следат сите јавни огласи и во сите каде што има акцент за личните податоци Дирекцијата издава известувања и укажувања во кои наведува органот да води посебна сметка со цел да не дојде до колизија со Законот за заштита на личните податоци, рече Трајковски, додавајќи дека такво укажување било испратено и кога се објавил тендерот за јавна набавка на софтверот.

Покрај набавката на софтверот за биометриска идентификација Рашковски се товари и за нелегална набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, како и исплата на хонорари.

Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, денеска во судница од позиција на сведок рече дека при примопредавање на функцијата не бил запознаен со двата софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, за кои се води судски процес во кој токму Рашковски е првообвинет.

Прашан дали е точно дека како Генерален секретаријат имале право самостојно да ги носат одлуките за потребите за реализација на јавни набавки и дали е точно дека не им била потребна одлука на Владата, Зеќири одговорил потврдно.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Во истиот случај се обвинети и Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 4.388: Од Ковид-19 починаа 31 лице

Редакција

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Редакција

Јавниот сектор во пократок рок ќе ги исплаќа обврските кон приватниот

Редакција