еМагазин
Image default
Бизнис

Непродадени 6.436 нови станови, се градат уште 12.902

Во периодот април – јуни 2020 година, на целата територија на земјава се продадени 681 новоизградени станови што е за 38 станови помалку од првиот квартал во 2020 година, покажуваат податоците од регистарот на цени и закупнини.

Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности.

За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 4 станови.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.902 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, се вели во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се очекува намалување на цените на становите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АХВ: Запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок, утре ќе се уништи на „Дрисла“

Редакција

Со новите тарифници на Катастарот услугите за одредени податоци поскапени од 100 до 500%, ССК бара итна ревизија на тарифниците

Редакција

Клиничкиот центар вработува 14 стоматолози и сестри, плата до 30.700 денари

Редакција