еМагазин
Image default
Бизнис

Нето платата во декември 34.364 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (19 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,4 проценти), Дејности во врска со недвижен имот (10,2 проценти) и Уметност, забава и рекреација (8,4 проценти).

Како што објави ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51.387 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивара Скопје лани со зголемена добивка

Редакција

Внимание: „Макпетрол“ реагира на лажна фејсбук-страница со лажна наградна игра

Редакција

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија

Редакција