еМагазин
Image default
Бизнис

Нето платата во октомври 33.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33.104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49.585 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се преставниците на Владата во Македонски Телеком

Редакција

Млекара Здравје ќе го освојува ЕУ пазарот со добивањето на престижниот IFS стандард за безбедно производство

Редакција

Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Редакција