еМагазин
Image default
Бизнис

Невозможно е да има присуство на глушец во замрзнат производ, но повикавме надлежните да истражат велат од КАМ

Компанијата КАМ, која својата доверба посветено ја гради повеќе од две децении кај домашните и потрошувачите во регионот, соработува исклучиво со домашни и странски производители и дистрибутери на храна кои ги поседуваат современите сертификати за квалитет IFS, HACCP, ISO 9001, ISO 22000, информираат од компанијата по повод денешното соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека поради сомнеж за физичка контаминација (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс” по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, АХВ издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава.

„На оваа основа секторот за Контрола на квалитет во нашата компанија континуирано ја контролира исправноста на производите, протокот на производите, ладниот ланец и секогаш во повеќекратно поголем обем од законски предвидените. Таков е случајот и со производите од предметниот производител кој во изминато тримесечје оваа година е контролиран 3 пати.

Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи.

Компанијата КАМ по повод овој случај веднаш се обрати и до производителот кој исто така подлежи на постојан надзор од националните служби за исправност на храната во Република Србија и произведува согласно посочените стандарди кои го штитат здравјето на потрошувачите.

Компанијата КАМ, по остварената комуникација со реномираниот производител на замрзнати производи беше известена дека согласно воспоставените европски контролни системи практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот, имајќи го во предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа останува отворен за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава.

Во оваа насока, со цел доследно документирање и професионално обработување на овој случај КАМ ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.

По утвдувањето на фактичката состојба ќе може да се превземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс од „Сани микс“ поради сомнеж за присуство на глушец

Фото: Photo by Artem Kostenko on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуролинк осигурување“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција

Тендер тежок 27.500 евра: Скопскиот Апелационен суд купува возило

Редакција

„Оилко“ ја зголеми добивката за 111%

Редакција