еМагазин
Image default
Бизнис

„Оилко“ ја зголеми добивката за 111%

Остварените вкупни приходи од работење во 2019 година изнесуваат 521,2 милиони денари и во однос на минатата година бележат пораст од 21,22%, соопшти „Оилко“ КДА Скопје преку Македонската берза.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 63,20% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во 2018 година се зголемени за 32,98%.

Остварените вкупни расходи во 2019 година изнесуваат 402,4 милиони денари и во однос на минатата година бележат пораст од 7,6%. Во структурата на вкупните расходи најголемо учество, 28,99% имаат расходите за бруто плата кои во споредба со остварените во 2018 година се зголемени за 18,04%.

Друштвото во 2019 година оствари добивка по оданочување во висина од 109,5 милиони денари и истата е зголемена за 111% споредбено со остварената во 2018 година.

Ваквиот резултат се должи на стагнација и незначително зголемување на оперативните расходи со истовремено зголемување на оперативните приходи од зголемен домашен транспорт на деривати и зголемен меѓународен транспорт на деривати за странски лица“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од „Оилко“ за 72.000 евра

Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 92.000 евра

Фото: Оилко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Водостопанство“ за набавка на 14 теренски возила и една лимузина

Редакција

А1 го доби тендерот на општина Радовиш за набавка на мобилна телефонија и интернет вреден 21.000 евра

Редакција