еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Никола Димитров бара итна реафирмација на македонските позиции во спорот со Бугарија

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров бара итна реафирмација на македонските позиции во наметнатиот спор со Бугарија.

“Очајот на (дел од) владата за лажен “успех” оди дотаму што четирите услови на премиерот гласно и јасно изговорени од сред Брисел, се стопија прво на два зборови, “протокол” и “отворање”, па за 24 часа само на еден збор “протокол”.

Од повикот на шефот на дипломатијата пред три дена бугарскиот парламент да не го усвојува предлогот, бидејќи тоа “ќе го блокира долгорочно европскиот процес” за само еден ден потоа токму усвојувањето на предлогот стана “голем напредок”.

Ако потрае оваа агонија на игра со зборови и позиции уште малку, веројатно предлогот ќе им стане целосно прифатлив и ваков каков што е, а од историското НЕ ќе остане само горчливата прашина. За жал, ако навистина дојде до тоа – ќе ја дишеме сите долго, заглавени во ќорсокакот.

Затоа најитно е потребна гласна реафирмација на македонските позиции и дома и надвор, за да ги чујат сите кои можеби не сакале да ги слушнат, вклучувајќи го и еврокомесарот Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението: За еврокомесарот Вархеји проблемот е решен

Во вакви услови, кога јавноста е оставена да се храни само со полуинформации, како очекувате да нема грижи и дилеми?

Абе за НАС се работи, за секој од нас. Има да одговарате на секое ново прашање, а не уште да обвинувате.

Па, министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани кои целосно се вложиле да спречат национална катастрофа нагалено наречена “државна стратегија” нарекувајќи го тој автентичен чин “хибриден напад” треба веднаш да ги снема од владата. Ако тоа не се случи, одговорноста ќе падне на целата влада.

Граѓанското несогласување и активизам е срцето на демократијата. Ако до овој најнов срам проблемот беше надворешната божем-политика што со зборовите на Петков доведе до “неверојатен дипломатски успех” за Бугарија, со сесрдна помош и соучесништво на македонската влада, сега проблем е и овој беден обид за божем заплашување.

Имаше две неспорни области на напредок последниве години, токму надворешната политика и слободата. Како стоиме денес нервозни господа во тие области, ако надворешната политика дозволи ваков дебакл што го гледаат сите со отворени очи, и дома и надвор, распрскувајќи ги македонските црвени линии на парчиња, а министри се закануваат токму кон слободните граѓани кои се обидуваат да ја намалат штетата, што веќе секако е огромна?“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Преименувањето во “северномакедонци“ е прекршување на меѓународното право, отсуството на реакција е неприфатливо

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет починале: Вкупно 1.013 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, две по третпат

Редакција

Утре нов протест за чист воздух: Умираме во илајдници годишно од загаден воздух

Редакција

Припадник на МВР во службено возило е загинатиот во железничката несреќа

Редакција