еМагазин
Image default
Македонија

Никола Груевски и Курто Дудуш го преземаа приматот во собраниската дебата за изборот на нови министри

Собраниската расправа за изборот на нови министри тече во тензична атмосфера со обвинувања меѓу власта и опозицијата. Дел од расправата се и поранешниот премиер Никола Груевски и случајот со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ со фотографија од Груевски од судот во Будимпешта им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дојдат на власт се додека не се оградат од Груевски.

„Се дури не се оградите од овој човек со лисици, капче и наочари во суд во Будимпешта, се дури не се оградите од овој човек кој уште ви ги дава насоките како да постапувате преку неговата уста и очи кој се вика Христијан Мицкоски, нема да дојдете на власт.

Граѓаните не сакаат да гледаат пак такво ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде главен уредник на вести и полицаец во МВР, кое ќе биде и прв судија, ќе монтира судски процеси. Граѓаните нема да го дозволат тоа“, рече Костадинов.

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој рече дека СДСМ изгубиле многу гласови на последните претседателски избори.

Атмосферата стана тензична и кога пратеникот Влатко Ѓорчев се осврна на случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш по што реагираше претседателот на Собранието со укажување дека Дудуш не е тема на денешната собраниска седница.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев верува дека новите министри ќе ги продолжат политиките кои даваат резултати

Реконструкцијата на Владата денеска во Собрание: Ќе дадат ли пратениците зелено светло за предлозите на Заев?

Груевски се јави за денешното сослушување: Стандардна процедура на институциите во Унгарија

Градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, вели дека снимката била монтирана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За потпретседатели на СДСМ се избрани Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски

Редакција

За референдумот ќе врне

Редакција

Учениците од денеска на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта

Редакција