еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нискобуџетната авиокомпанија easyJet влгува на македонскиот пазар, стартува со лет од Скопје до Женева

Нискобуџетната авиокомпанија easyJet ќе влезе на македонскиот пазар претстојната зимска сезона со летови помеѓу Женева и Скопје, пишува www.exyuaviation.com.

Летовите ќе бидат воспоставени на 1 ноември и првично ќе ги има двапати неделно, секој понеделник и петок. Бројот на летови ќе се зголеми на трипати неделно во декември.

Извршниот директор на турски ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна изјави дека и покрај тоа што „Виз ер“ оперира од државата, сепак има простор за повеќе нискобуџетни играчи.

„Скопје е веќе успешна база на „Виз Ер“, но сметаме дека има простро за повеќе нискобуџетни оператори“, рече Сенер.

Вкупно 3.923 патници патувале индиректно помеѓу Скопје и Женева во 2019 година, пред да фати пандемијата со Ковид-19, а лани таа бројка изнесувала нешто повеќе од 600.

Овие бројки вклучуваат само патници кои преку други дестинации патувале до Женева или до Скопје.

Мета/Фото: exyuaviation.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По растот на инфлацијата, ќе има ли зголемување на каматните стапки на кредитите кои се веќе дадени?

Редакција

Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во октомври

Редакција

Највисоката просечна бруто плата во декември изнесува 139.274 денари

Редакција