еМагазин
Image default
Македонија

Ниту еден наставник нема да остане без работа со реформите во образованието, тврдат од Бирото за развој на образованието

Реформите не предвидуваат укинување научни дисциплини, туку нов пристап во наставата, велат од Бирото за развој на образованието (БРО).

„Бирото за развој на образованието во изминатиот период работеше на нова Концепција за основното образование, по увидивување на потребата за темелни реформи во образовниот процес.

БРО најавува дека предлог текстот на Концепцијата ќе биде дадена на јавна расправа и сите засегнати страни ќе може со свои предлози да учествуваат во подобрување на овој концепт.

Имплементацијата е предвидено да отпочне од учебната 2021/22 година со учениците од прво и шесто одделение, по усогласување на концепцијата и наставните програми со сите релевантни чинители.

По донесувањето на Концепцијата ќе следи изработка на наставни програми за сите одделни наставни предмети. Овој процес, како и до сега, ќе биде транспарентен и инклузивен.

Во него ќе учествуваат универзитетски професори и наставници од практиката кои заедно со претставници од Бирото, ќе ги развиваат наставните програми.

БРО истакнува дека предлог Наставниот план предвидува изучување на нови интегрирани наставни предмети, но тоа не значи укинување на одделните научни дисциплини – историја, географија, граѓанско образование.

Напротив, тие ќе бидат изучувани преку нови пристапи што подразбираат интеграција и интердисциплинарно изучување прилагодено на возраста на учениците.

При изработката на новиот наставен план и застепеноста на задолжителните и изборните предмети осoбено внимание е посветено на ангажираност на постоечкиот наставен кадар, искористување на капацитетите со коишто располга секое училиште и одговорно тврдиме дека ниеден наставник нема да остане без работа.

Наставниците ќе бидат ангажирани за реализација на наставата, а особено за креирање на сопствена листа на изборни предмети и за изработување наставни програми од интерес на учениците.

Исто така, ќе бидат ангажирани во реализација на општествено-хуманитарната работа со учениците и воннаставните активности.

Иако фондот на часови е намелен по одредени наставни предмети (музичко и ликовно образование), преку изборните предмети и воннаставните активности наставниицте кои ја изведуваат наставата ќе имаат дури и повеќе часови отколку што имале до сега.

Според анализите на БРО ќе има и потреба од ангажирање на нови наставници. Целото ангажирање на наставниците ќе биде вреднувано, како преку нивниот кариерен развој, така и преку зголемениот обем на работа (доколку се ангажирани за реализација на различни активности во училиштето).

За сите новини, наставни програми, други активности ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали и прирачници. Бирото за развој на образованието ќе им овозможи на наставниците континуирана обука и поддршка за планирањето, организирањето и реализацијата на наставата и сите предвидени активности во училиштето.

БРО ги повикува сите наставници да ја дадат поддршката на предвидените реформи. Само преку нови, креативни пристапи ќе успеееме заедно да дадеме нов квалитет на основното образование и да овозможиме нашите ученици да бидат среќни и задоволни во училиштето.

Ние, како институција ќе ги вложиме сите напори да успее предвидената реформа, но очекуваме, како и до сега, посветеност, доверба и соработка од наставниците.

Образованието мора да биде заеднички интерес на сите во државата, без оглед на етничката, верската, политичката, родовата или која било припадност. Да се обидеме интересот на децата и нивното задоволство од учењето и престојот во училиште да не поврзе и да работтиме за доброто на сите ученици.

Наставниците ја покажаа својата посветеност оваа година, кога во услови на здравствена криза, без многу време за посебни подготвоки, успеаа целата настава да ја водат од далечина, така што не се сомневаме во нивната успешност сега кога ќе ја добијат целосно поддршката од институциите за претстојната реформа.

Институциите тоа го почитуваат, знаат да го вреднуваат и да работат на враќање на достоинството на наставничката професија“, велат од БРО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата си „пукаше во колено“ со лош тајминг: Бугарија не оспорува, ние ќе ја спојуваме историјата

„Ако останеме без историја, ќе останеме и без географија“: Твитер реакции за спојувањето на предметот историја со општествени науки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: СДСМ 36.9, ВМРО-ДПМНЕ 35.9, ДУИ 10.18, АА и А 8.13

Редакција

Филипче: Лично поддржувам декриминализација на употребата на дрога

Редакција

Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот

Редакција