еМагазин
Image default
Македонија

Поништено гласањето на едно избирачко места во Штип

Државната изборна комисија (ДИК) по службена должност денеска го поништи гласањето на изборите за градоначалник во избирачкото место 2266 во Штип, поради тоа што во гласачката кутија имало едно ливче повеќе од потписи во изводот од Избирачкиот список.

Членовите на Комисијата ги преброаја гласачките ливчиња и утврдија дека навистина има едно ливче повеќе. Општинскиот изборен комитет (ОИК) и Изборниот одбор (ИО) ја утврдиле фактичката состојба.

Членовите на ДИК не го прифатија предлогот на Елизабета Постоловска, член на ДИК, за разрешување на Избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија поради вишок ливче во ИО 2266.

Јанакие Витановски оцени дека гласањето не влијае на резултатите од гласањето во Штип и дека ОИК и ИО ги имаат преземено сите дејствија.

Постоловска исто така имаше забелешка и за семејно гласање на едно гласачко место во Штип и намерно прикривање од страна на ОИК Штип. Иако бил побаран записникот за настанот, до денеска не бил доставен до ДИК.

ДИК на седницата го прифати Правилникот за критериумите за определување на надоместок за членовите на иборните органи и изборната администрација, само што овој пат средствата треба да бидат исплатени од локалната самоуправа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Посетата заврши: Со каков подарок од Заев папата Франциск си замина од државата

Редакција

Починаа уште петмина заразени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 346

Редакција

Вкупно 3.439 здравствени работници во Македонија заболеле со Ковид-19, починале 22

Редакција