еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка, информираат од Банката.

Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат.

На овој начин Банката ја дава својата поддршка на македонските компании за нивна поголема ликвидност, а со тоа и на целата домашна економија, бидејќи ги стимулира бизнисите, својата остварена добивка во 2021 година да ја реинвестираат во нова технологија или човечки капитал. На тој начин компаниите добиваат можност на долг рок да ја зголемат додадената вредност на своите производи и услуги, да ја подобрат својата конкурентност и да станат поотпорни на макроекономските шокови, посочуваат од Банката.

НЛБ, како Банка која се грижи за своите клиенти и ликвидноста на домашните компaнии, со новата кредитната понуда и соработката со Развојната Банка на РСМ, дава значаен придонес за креирање на позитивна економска клима во државата, велат од Банката.

Повеќе информации за овој кредитен продукт на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на следниот линк bit.ly или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Редакција

Црна Гора забрани увоз на свињи од Македонија и делови на Србија

Редакција

Нема кој да работи: Дури 9.100 слободни работни места во Македонија

Редакција