еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка во првите три месеци ја зголеми добивката за 30,9%

Во првите три месеци од годинава, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 653.631 илјади денари, што претставува зголемување за 30,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, информираат од Банката преку Македонската берза.

„Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката.

Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Во првиот квартал од 2022-година, првиот банкарски електронски асистент НЕЛА на НЛБ Банка беше наградена со второ место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од – Порталот „Сајт на годината 2021“ Скопје.

Заклучно со 31.03.2022 година билансната сума изнесува 106.519.447 илјади денари, односно се намали за 1.190.032 илјади денари или 1,1% во однос на 31.12.2021 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 18.219.488 илјади денари и бележат намалување од 7,5% во однос на 31.12.2021.

Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 26 илјади денари во однос на 31.12.2021. Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 66.902.068 илјади денари и бележат зголемување од 2,0% во однос на 31.12.2021.

Кредитирањето и во двата сегмента, домаќинства и нефинансиски правни лица, продолжи да се зголемува и во текот на 2022 година. Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 16.939.231 илјади денари и се намалени за 7,6% во однос на 31.12.2021 поради доспевање на странските државни записи и обврзници.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2021 година се намалени за 0,03%.

Обврските по кредити се зголемени за 825.081 илјади денари заради повисокиот износ на краткорочни кредити и репо трансакции. Субординираните обврски се зголемени за 1,4% во однос на 31.12.2021 врз основа на недоспеана камата.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 3,5% и изнесуваат 14.567.126 илјади денари. Зголемувањето се должи на остварената тековна добивка за првиот квартал од 2022 година.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2022 година се повисоки за 4,4% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,7%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, население и останати финансиски институции, додека расходите за камати се пониски за 11,5% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 6,7% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 14,4% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки.

Расходите за провизии се зголемени за 25,9%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи и повисоки расходи од услуги во платен промет во земјата и странство. Останатите некаматни приходи изнесуваат 195.554 илјади денари и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.243.609 илјади денари и се повисоки за 3,9% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 535.959 илјади денари и се зголемени за 5,6% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 20,5%, останатите расходи од дејност се повисоки за 4,7% во однос на претходната година.

Заклучно со 31.03.2022, беа ослободени исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 18.644 илјади денари, соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 37 илјади денари.

Бруто добивката на Банката заклучно со 31.03.2022 година изнесува 726.257 илјади денари и е зголемена за 30,9% во однос на претходната година. Нето добивката на Банката заклучно со 31.03.2022 година изнесува 653.631 илјади денари и е зголемена за 30,9% во однос на претходна година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) НЛБ Банка засади 3.700 садници во малешевскиот регион, погоден во големите шумски пожари минатата година

НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на пикап

Редакција

Од Ковид-19 починале 10 лица, дополнително пријавено уште едно

Редакција