еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра, информираат од Банката.

Станува збор за кредити за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, кои ќе им помогнат на клиентите-физички лица да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење при изведба или реновирање на објекти.

Како енергетски ефикасни технологии кои се прифатливи за кредитирање од оваа кредитна линија се сметаат инвестирања во топлинска изолација, топлински пумпи, енергетски ефикасни котли и печки за затоплување, клима уреди, како и сончеви колектори за топла вода, соларни фотоволтаични системи и бојлери и замена на прозорци и врати.

Дополнително, преку овие кредитни продукти, кредитокорисникот има можност за поврат на грант до 20% од направената инвестиција кој е финансиран од Европската Унија.

Како општествено одговорна компанија, НЛБ Банка е фокусирана на поддршка на еколошки одржлива економска активност, особено активност која го поддржува намалувањето на трошоците на своите клиенти, на проекти поврзани со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина, што во целост кореспондира со политиката на Банката за одговорно кредитирање и одржливост, велат од Банката.

Инаку, ова е втора кредитна линија на НЛБ Банка за Зелени кредити во соработка со ЕБОР. Во рамките на првата линија беа пласирани три (3) милиони евра до крајни корисници – физички лица. Досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации над 460 илјади евра за успешно завршени проекти, кои и натаму се исплаќаат.

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на интернет страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проект на родителите и децата: Започна уредувањето на дворот на ООУ „Х.Т Карпош“

Редакција

ХТЛ Македонија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на ГОБ „8 Септември“

Редакција

Крводарителска акција во Државна лотарија

Редакција