еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

НЛБ Групацијата ја завршува годината со донации на сите пазари каде што работи

Секој ден е одлична можност за споделување топлина и добрина, но некако се чини дека за време на празничниот декември овие доблести доаѓаат уште повеќе до израз. НЛБ Групацијата тоа добро го знае, поради што годината ќе ја заврши со донации за ранливи групи, но и во други добротворни цели, на сите пазари каде што работи, информираат од Банката

„Светот е многу поубав и пошарен кога стоиме еден до друг и од срце создаваме нови можности, особено оние кои ги создаваме ние, со нашата поддршка„, велат од НЛБ Групацијата, чии вработени предложија и гласаа за различни здруженија, хуманитарни организации и групи на кои ќе им бидат доделени средства во вредност од над 500.000 евра.

Вработените во НЛБ Банка Скопје, преку интерна анкета, избраа три организации на кои Банката ќе им ги разубави овие празници. Донации ќе добијат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ), чиј патрон е Банката од неодамна и Центарот за поддршка на лица со попреченост „Пркос“.

Дополнително, НЛБ Банка Скопје во соработка со организацијата на Црвениот Крст ќе донира хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за стари и изнемоштени лица кои живеат во рурални подрачја, тешко инфраструктурно достапни до редовни сервиси и потреби.

„Оваа година беше полна со предизвици за многу семејства, организации, компании, едноставно, година на предизвици за заедницата во која живееме и работиме и за регионот за кој знаеме да кажеме дека не е само точка на мапата, туку наш дом. Деновиве влегуваме во најубавиот период од годината, време на празници, дарување и среќа.

А ние во НЛБ силно веруваме дека среќата е поголема ако се сподели со другите.  И во тој дух, оваа година, сите членки на НЛБ Групацијата одлучивме да ја споделиме радоста и да помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. За таа цел, само нашата Банка издвојува 75.000 евра кои ќе ги намениме за помош на ранливите категории“, истакнуваат од НЛБ Банка.

„Овој регион е нашиот дом. Тука се нашите семејства, пријатели, соработници, соседи, спортисти за кои навиваме, угостители кои знаат како го пиеме кафето… Овде можеме да дишеме со полни гради, да создаваме, да доживуваме подеми и падови, да градиме релации.

Затоа, сосема е природно што сакаме да бидеме активно вклучени, да влијаеме и да го подобриме квалитетот на животот во нашиот дом преку создавање можности онаму каде што недостасуваат, особено во оваа празнична сезона. Затоа што свет полн со добрина  е свет полн со можности„, истакнуваат од НЛБ Групацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сузбиена организирана криминална група од Штип, Кочани, Виница и Берово, која вршела продажба на кокаин, амфетамин и марихуана

Редакција

МПЦ се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“

Редакција

Косово целосно го забрани увозот од Србија

Редакција