еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов повик за приватни превозници во Скопје, три пропаднаа

Град Скопје објави нов, четврти повик за приватни превозници во Скопје.

На веб-страната на Градот е објавен огласот, кој е со идентични услови како и на претходниот.

Се бараат превозници за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73.

За овие линии се потребни 115 автобуси и 245 возачи.

Огласот е отворен до 24 април.

Од Град Скопје како причина за пропаѓање на последниот повик ја наведоа нецелосната документација на подносителите на апликациите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зоран Димитровски, заменик министерот за локална самоуправа

Редакција

Дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста

Редакција

Бугарија до мај треба да го смени законодавството за слободно здружување на Македонците или ќе ја ја исфрлат од Советот на Европа, тврди адвокатот Менкиноски

Редакција