еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов Xiaomi Store во Скопје: Денеска со специјални промоции за најбрзите фанови

Глобалниот технолошки лидер Xiaomi денеска го отвори новиот и прв Xiaomi Store на атрактивна локација во приземјето на Градскиот трговски центар, информираат од таму.

Xiaomi подготви специјални промоции и големи изненадувања за сите фанови и купувачи кои беа дел од настанот, а важат единствено денеска.

Ова е одлична можност за најбрзите купувачи да станат сопственици на најнови Xiaomi производи: 1+1 гратис – за првите 10 фанови гратис- за првите 10 фанови и специјални попусти за: Xiaomi 11 Lite 5G NE, Mercedes AMG Petronas F1 Pro, Xiaomi Robot Vacuum-M.

-Како и останатите илјадници продавници во светот, и новиот Xiaomi Store во Скопје е дом на врвната Xiaomi и Redmi мобилна технологија, паметни уреди за домот, телевизори, аудио и видео опрема, како и лајфстајл производи за секаква намена.

Настанот се одржа согласно протоколите, почитувајќи ги препораките и мерките за претпазливост, во тивка атмосфера, велат од компанијата.

За Xiaomi

Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010та година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонг Конг на 9ти јули 2018 година (1810.HK). Xiaomi е компанија за потрошувачка електроника и паметно производство со примарен фокус на паметни телефони, паметен хардвер и платформата за Интернет на нештата (IoT) .

-Со еднаков акцент на иновациите и квалитетот, Xiaomi континуирано цели кон висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради врвни производи со реални цени, за да им овозможи на сите во светот да уживаат во подобар живот преку користење на иновативна технологија.

Од вториот квартал на 2021ва година, Xiaomi се искачи на второ место како бренд за паметни телефони на глобалниот пазар на паметни телефони. Компанијата, исто така, ја воспостави водечката светска платформа за потрошувачи AIoT (AI+IoT), со над 374,5 милиони паметни уреди поврзани на нејзината платформа, не вклучивајќи ги паметните телефони и лаптопи.

Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2021ва година, компанијата по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500, рангирајќи на 338-то место, што е раст од 84 места во споредба со 2020 година, велат од компанијата.

Фото: Фејсбук/Xiaomi

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Музејот на современата уметност денеска две изложби и пролетно матине

Редакција

Европската комисија без коментар за посетата на бугарската делегација на здружението „Ванчо Михајлов“ и за условите на Софија

Редакција

(Видео) Колони во JYSK, откако компанијата соопшти дека ги затвора продавниците во Русија

Редакција