еМагазин
Image default
Македонија

Нова „епизода“ за „Рекет“ на 6 февруари: Ќе се гледаат сите снимки на Јордан Камчев

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 6 февруари, откако на денешното рочиште беа презентирани материјални докази. На следното рочиште ќе се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

Во судница денеска беа презентирани фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард дискови, десет УСБ-а, фактури и белешки.

Одземената кожна аголна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје, како што се виде од изнесените фотографии, биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

Беа презентирани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман. Одземен бил луксузен мебел, столици, маси и разни украси, додека од претресот на деловното лице ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски се гледа дека биле одземени, компјутери и опрема, тефтери и документи, како и уметнички слики.

Обвинителството предложи доказите од претресот на домот на Зоран Милески – Кичеец да се повлечат, со оглед дека тој призна вина и за него сега е одвоена постапката, но одбраната на Јовановски не даде дозвола и тие беа презентирани. Од презентираните фотографии можеше да се видат одземени оружје, мобилни, лап топи и УСБ-а.

По завршувањето на денешното рочиште, адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, рече дека денеска јавноста имала прилика да види дека торбата „Луј Витон“ одземена при претресот кај Јанева не е истата со таа што ја споменува сведокот.

„Имавте прилика да видите дека не станува збор за истата торба. Другите одземени предмети се телефони и лап-топи, не е ништо значајно“, рече Фрчковска.

Во однос на тоа дека во судница биле презентирани фотографии од одземена голема количина оружје, Фрчковска рече дека тоа било од претресот во домот на Милески.

За содржината на белешките одземени при претресот во домот на Јанева, на кои се гледа името на Бојан Јовановски, адвокатот Дељо Кадиев, рече дека и во судница реагирале зошто тие докази Обвинителството пропуштило да им ги даде.

„Ние тие докази ги немаме и ги побаравме. Треба да видиме за што се работи. Обвинителството пропуштило да ни ги даде. Тоа што е дадено е снимено на УСБ и се гледа, веројатно е пропус што судот сега ќе го исправи. Ќе видиме за што се работи. Од кого се пишувани и дали се некои белешки за свои луѓе“, изјави Фрчковска.

МИА/Фото: Ла Верита

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Запленетата облека на Боки 13 се прикажува на екран во судницата

Лила на „тапет“ на Твитер по сведочењето за „Рекет“

Лила сведочеше во „Рекет“: Дента кога го уапсија Боки 13 одевме за Миконос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест лица со претходни заболувања, повеќе мажи, детали за новите случаи на заразени со коронавирусот

Редакција

Починаа пет нови лица заразени од Ковид-19

Редакција

Од 57 кандидати ќе се избира седумчлената Антикорупциската комисија

Редакција