еМагазин
Image default
Бизнис

Нова голема инвестиција: Веро отвори најсовремен маркет во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Интензивниот период на нови, големи инвестиции за 2023 година Веро го заокружува денеска со свечено отворање на нов Веро маркет во трговскиот центар „Дајмонд“ во строгиот центар на Скопје, информираат од таму.

Станува збор за современ Веро маркет, изграден и опремен според највисоките светски стандарди и трендови во малопродажбата кој нуди ново потрошувачко искуство за сите генерации.

Маркетот се простира на површина од 2.000 метри квадратни, лоциран на атрактивна локација на приземјето од новоотворениот трговски центар. Новиот Веро маркет нуди голем асортиман на производи од домашни и странски добавувачи, ексклузивни производи, а на потрошувачите на располагање им се и специјализираните оддели за свежо овошје и зеленчук, месарница, рибарница, оддел за готвени јадења, деликатеси, како и пекарница со свежо приготвени печива секој ден.

Во новоотворениот маркет се вработени 60 лица кои му се придружија на големиот тим на Веро. Маркетот во „Дајмонд“ ќе работи од понеделник до сабота од 8 до 22 часот, а за да ги задоволи потребите на потрошувачите ќе биде отворен и во недела од 10 до 22 часот.

Со отворањето на новиот маркет, Веро ја достигна бројката од 14 модерни маркети во четири градови низ земјава – Скопје, Тетово, Битола и Куманово. Новиот проект во „Дајмонд“ е продолжување на амбициозниот инвестициски план на менаџментот на Веро за оваа година, велат од таму.

Пред само неколку месеци, Веро свечено отвори најсовремен маркет во Куманово, со што го додаде и овој град во својата мрежа, а ги финализираше неколкумесечните активности за модернизирање на маркетот во скопската населба Тафталиџе. Експанзијата на брендот низ земјава ќе продолжи и во следната година, кога е планирано отворање на Веро маркет во Струмица.

– Плановите за проширување на нашата мрежа маркети беа присутни од поодамна, но периодот на ковид-кризата малку ја забави нивната реализација. Затоа сме особено горди што по надминување на тој предизвик, за кратко време, во иста година отворивме два нови, најсовремени маркети, со кои нашето портфолио достигна вкупно 14 Веро маркети во четири градови во земјава.

Следната година планираме да го прошириме присуството и во источниот дел на земјава, а нашата експанзија ќе продолжи и на други локации. Нашата долгорочна цел е на потрошувачите да им овозможиме пазарување во кое максимално ќе уживаат и да им понудиме ново искуство за целото семејство, вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.

Веро е пионер на модерната малопродажба во земјава, бренд кој е присутен на домашниот пазар веќе 26 години. Покрај на македонскиот пазар, Веро успешно работи и на пазарот во Србија, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распишан оглас за вработување во канцеларијата на премиерот Зоран Заев, плата до 24.997 денари

Редакција

Министерство за информатичко општество и администрација склучи договор со Неоком вреден 1,1 милион евра

Редакција

„Никоб“ го доби тендерот на општина Ѓорче Петров за обезбедување на објекти „тежок“ 195.000 евра

Редакција