еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 169 случаи со Ковид-19, едно починато лице и 242 оздравени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи со Ковид-19 и 242 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на 28 август годинава во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од 169 новозаболени од Скопје се 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број позитивни регистрирани се 55 реинфекции.

Од 242 оздравени пациенти од Скопје се 101, Битола – 18, Куманово – 17, Прилеп – 15, Велес – 14, Охрид и Кочани – по 9, Гостивар – 8, Струмица – 7, Берово, Кавадарци и Штип – по 6, Струга – 5, Неготино – 4, Тетово, Делчево, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 2, Богданци, Демир Капија, Кичево, Ресен, Радовиш, Свети Николе и Дебар – по 1.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а на активни случаи изнесува 1.586.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се десетте најтргувани акции на Македонската берза?

Редакција

(ВИДЕО) Вистината не ја дознавме: Како изгледаше акцијата во „Диво Насеље“

Редакција

МНР објави оглас за вработување на 26 службеници

Редакција