еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 619 случаи на Ковид-19, оздравени 803, четворица починати

Во последните 24 часа се регистрирани нови 619 случаи на Ковид-19 од направени 1.253 тестови, како и 803 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи од Скопје се 265, Битола 41, Охрид 32, Куманово 31, Велес и Струмица по 22, Тетово и Кавадарци по 21, Неготино 19, Прилеп 18, Штип 16, Гостивар и Кочани по 14, Струга 12, Кичево и Гевгелија по 11, Ресен 7, Свети Николе и Берово по 6, Радовиш, Делчево и Богданци по 5, Крива Паланка 4, Дебар 3, Кратово и Македонски Брод по 2 и Валандово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 127 реинфекции.

Регистрирани се и 803 оздравени пациенти и тоа од Скопје 287, Тетово 62, Прилеп 59, Велес 42, Куманово 40, Гостивар 38, Битола и Кавадарци по 37, Охрид и Штип по 22, Радовиш 19, Гевгелија 17, Струмица и Кочани по 16, Крушево 14, Кичево 11, Неготино 10, Берово и Демир Хисар по 8, Дебар и Виница по 6, Струга 5, Кратово и Македонски Брод по 4, Ресен и Свети Николе по 3, Богданци и Дојран по 2 и Крива Паланка, Делчево и Демир Капија по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица, но согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани четири починати лица од: Охрид (94г), Битола (80г), Куманово (84г) и Штип (72г).

Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 30.07 – 03.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија на епидемијата изнесува 334.562, бројот на оздравени пациенти е 321.243, на починати е 9.414, а бројот на активни случаи изнесува 3.905.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нестабилното време ќе продолжи до сабота

Редакција

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски

Редакција

Нови 897 случаи на Ковид-19, оздравени 638, починати двајца

Редакција