еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филиповиќ и Поцеста нови медицински директори на клиниките за дерматовенерологија и кардиологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити го назначил д-р Дејан Филиповиќ за нов  в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за дерматовенерологија и д-р Беким Поцеста за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија.

Како што соопшти Министерството за здравство, Филиповиќ од 2018 година е вработен на Клиниката како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, членува во Здружението на дерматовенеролози на Македонија и во Европската академија за дерматологија и венерологија.

Новиот медицински в.д. директор на Кардиологија, Поцеста, наведува Министерството во соопштението, е долгогодишен специјалист по кардиологија.

На Клиниката што ќе ја раководи работи од 2005 година, на Одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација на електростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на Кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на реинфекциите со Ковид-19

Редакција

(Видео) Железничка несреќа во Хрватска: Патнички воз удри во товарен, тројца загинати и 11 повредени

Редакција

Почитувајте ги мерките: Од денеска најдоцна утре, казни за не носење на заштитна опрема

Редакција