еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Железничка несреќа во Хрватска: Патнички воз удри во товарен, тројца загинати и 11 повредени

Во железничката несреќа која се случи кај Новска во местото Раич во Хрватска загинале тројца, а 11 лица се повредени.

Утринава, на местото на тешката железничка несреќа продолжил увидот, за да се утврдат сите околности под кои настанала несреќата.

Според првичниот увид, патничкиот налетал на товарниот воз кој бил расипан, односно тој не застанал на знакот стоп.

Сударот се случил на десетина минути од целта, пред Новска, кога патничкиот воз налетал на товарниот. Ударот бил голем при што вагоните излетале од пругите.

Според информациите од хрватскиот Црвен Крст никој од повредените не е во живото-загрозувачка состојба.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека неколку од повредените се хрватски државјани, но има и странци.

Видео: 24сата.хр/Фото: Хрватски Црвен Крст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шеваљ Муареми бил уапсен во Дубаи, па ослободен зошто нема докази против него?

Редакција

„Макпетрол“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на природен гас вреден 460.000 евра

Редакција

Мијалков утре не оди во затвор, добил одложување до 22 август

Редакција