еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови протоколи: На една маса во кафетериите и рестораните ќе можат да седат неограничен број гости

Владата на денешната редовна 113-та седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана), со кои е укинато ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел.

Со овие измени и дополнувања, кои се согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, како што информираат од владината прес-служба, се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените, така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

-Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50 отсто искористеност на капацитетот на објектите, велат од Владата.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, додаваат, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седми ден операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени

Редакција

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Редакција

Најава за намалени цени, но што утврдивме на терен: Трговците ја ограничија продажбата на производи

Редакција