еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Тревник“ и „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тревник“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи и докази за злоупотреба на средства за финансирање на политичка кампања од 2013 година.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Во случајот „Тревник“ се обвинети Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково.

Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд куќи во Општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По средбата на Заев со Адеми, ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура

Редакција

Заев се согласува со Радев за потребата од дијалог меѓу Скопје и Софија, очекува исчекор од новата бугарска влада

Редакција

Обвинителство проверува дали постои поврзаност помеѓу убиството на Туша и пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

Редакција