еМагазин
Image default
Техно

Нови Samsung домашни апарати базирани на вештачка интелигенција

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја претстави новата линија на паметни машини за алишта, како и иновативните фрижидери со замрзнувач во долниот дел на уредот (BMF).

Новата линија машини е предводена од моделот WW9800T со технологиите Samsung EcoBubble™ и QuickDrive™, како и напредни функции базирани на вештачка интелигенција, која автоматски избира и прилагодува програми за перење.

Целта е циклусот на перење да биде што поефикасен, завршен во пократок временски период, со помалку потрошена енергија и напор.

Новиот RB7300 фрижидер има подобрени перформанси на ладење со иновтивни можности за складирање и чување на храната. Покрај овој модел, во Европа за прв пат ќе биде достапна и Bespoke линија на фрижидери, како кујнско решение на компанијата Samsung кое корисникот може да го персонализира според неговите потреби и уредување.

Заштедува енергија, време и напор со прилагодлива програма за перење

Новата WW9800T машина за перење алишта носи комбинација од најнапредните Samsung технологии кои го скратуваат времето на перење и ја намалуваат потрошувачката на енергија, обезбедувајќи им на корисниците персонализирано, прилагодливо искуство при перење, во согласност со количината и видот на облека која ја перат.

Револуционерната Samsung QuickDrive™ технологија овозможува уредот да го намали времето на перење до 50 проценти, а потрошувачката на енергија до 20 проценти. Барабанот на овој модел се врти независно од задниот дел, со што дава подинамични движења, а резултатот е потемелно испрани алишта. Специјалниот Samsung Digital Inverter компресор ја зголемува енергетската ефиксност со употреба на силни магнети за подобри перформанси и потивок циклус на перење.

Новите машини доаѓаат и со Samsung EcoBubble™ технологија која го подобрува ефектот на детергентот претварајќи го во меурчиња кои побрзо навлегуваат во ткаенината, дури и во ладна вода. Перењето со ладна вода штеди енергија која би била потрошена за загревање на истата, а истовремено ја штити ткаенината и бојата на алиштата.

Покрај тоа, овде е и вештачката интелигенција која се сеќава на навиките и однесувањето на корисниците и на екранот на машината ги предлага најсоодветните програми за перење. Со помош на едноставниот интерфејс, AI Control се елиминира потребата корисниците да ги пребаруваат достапните програми за да ја најдат онаа што им е потребна. AI Wash опцијата користи сензори за да ги детектир тежината и видот на материјал на алиштата во барабанот, да ја процени потребната количина на вода и детергент.

Понатаму, Auto Cycle Link процесот на сушење ги активира најсоодветните сензори за перење и сушење за секој индивидуален циклус на перење.

Сите уреди во новата линија на Samsung машини за алишта се компатибилни со платформата на SmartThings и им нудат на корисниците контрола над подесувањата директно од паметните телефони, како и пристап до услугите како што се Laundry Planner и Laundry Recipe за прилагодување на програмата.

Максимален простор за храна со свежина што трае

Благодарение на Samsung SpaceMax™ технологијата, внатрешните ѕидови на уредот се многу потенки, така што новиот BMF фрижидер со обем со повеќе од 385L обезбедува многу простор за складирање на храната. Оваа карактеристика е особено значајна сега кога потрошувачите поретко одат во шопинг и купуваат поголема количина на храна.

Новиот фрижидер е дизајниран за да ја одржува свежа храната двапати подолго. Доаѓа со револуционерна Optimal Fresh+ преграда, која може да се користи како единечна фиока или да се подели во две одделни прегради. Левата, кулер страна, во тој случај е опримизирана за чување на месо и риба, додека десната страна е иделана за овошје и зеленчук. Храната ќе биде соодветно ладена без оглед во кој дел од фрижидерот се наоѓа, благодарение на технологиите Samsung All Around Cooling и Metal Cooling.

Најновиот компресор на фрижидерот автоматски ги прилагодува перформансите за ладење на сите седум нивоа на полици, трошејќи помалку енергија. Покрај тоа, звкуот е сведен на минимум, додека издржливоста на уредот дополнително е подобрена.

Дизајнот на BMF фрижидерот му дава на овој уред доза софистицираност. Рамниот преден дел од не’рѓовувачки челик го отсликува едноставниот и софистициран стил на домашните апарати на Samsung.  RB7300 фрижидерот, како и новата Samsung машина за перење алишта ќе бидат претставени на 2 септември на виртуелниот настан на Samsung „Life Unstoppable“.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Спасов: BtoBet е заинтересирана за нови и возбудливи пазари за спортско обложување

Редакција

Бидете подготвени за лето со Samsung и Sport Vision

Редакција

Барате добар подкаст? Ние ви нудиме избор од пет за безгрижно уживање

Редакција