еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош во првите шест месеци со добивка

Фабрика Карпош А.Д Скопје за период од јануари-јуни 2020 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, во вкупен износ од 219.615 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-30.06 2020 година изнесува 1.396 илјади денари.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ке се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во првото полугодие во 2020 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 183.925 илјади денари.

Финансиските расходи, расходи по основ на камати се во износ од 2.481 илјади денари во извештајниот период и бележат намалување во споредба со истиот период претходната година.

Ново настаната ситуација што ја зафати и нашата држава со COVID 19, се одрази и во работењето на нашата компанија. Појасна слика и конкретна проценка за влијанието на кризата од COVID – 19 може да имаме во нареден период, но извесно е дека реализација и остварени приходи во првото полугодие не се во целост со проекциите утврдени во нашиот Бизнис план за 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градежниот институт „Македонија“ сака да ја преземе „Фабрика Карпош“

Фабрика Карпош оствари добивка од 11,4 милиони денари за шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РЖ Техничка контрола ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција

Редакција

Уготур со добивка во првите три месеци

Редакција

Се јави сопственикот на „Нефа мебел“: Сите ќе ги добијат парите, се извинуваме за стресот

Редакција