еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови тужби против Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур од ОМО „Илинден“

Нови тужби се испратени во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, од страна на македонското здружение ОМО „Илинден“, информира Кирил Иванов, кој денеска во Штип присуствуваше на одбележување на Денот на независноста и 75-годишната од крајот на граѓанската војна во Грција.

-Кога ќе ги разгледуваат, по четири, пет или шест години, не знаеме. Тужбите се дека сакаме да регистрираме наше македонско здружение, како што се ОМО-Илинден и други.

Од Стразбур кажуваат дека ние сме во право и наложуваат на Бугарите да не признаат. Но, Бугарија не нè признава и така се вртиме во круг, вели Иванов.

Тој посочува дека судот во Стразбур едноставно не може да и наложи на Бугарија да направи регистрација на македонските здруженија и да вршат македонска културна дејност.

Иванов вели дека и македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ кој се отвори лани во Благоевград е преместен на друга локација. Тој забележа дека родната држава воопшто не мисли на Македонците во Бугарија.

Прашан што државата треба да направи за нив, Иванов со одговор дека едноставно нашата држава не се потсетува дека има свое малцинство во Бугарија.

– Не сме слушнале да кажат дека има Македонци во Пиринска Македонија и во Бугарија. Тоа не сме го слушнале од државниот врв, вели Иванов.

Архимандритот Никодим Царкањас, смета дека секоја грчка Влада покажува антимакедонизам и затоа како што вели тој треба да сме единствени, а младите да ја учаат вистинската и македонска историја.

-Ние сме Македонци, ние не сме ниту славомакедонци, ни Бугари, ни Срби, оти денеска во Македонија многу се зборува за бугарштината. Тоа е катастрофа и да не заборавиме, што кажа Крсте Петков Мисирков, оти ние сме Македонци, ни Бугари, ни Срби, ни Грци. Тоа да не го заборавиме, вели Царкањас.

Македонските здруженија и Македонците кои живеат во соседните држави на Денот на независноста побараа поголемо внимание од својата родна држава. 

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арменд Арслани e нов заменик-министер за здравство: Што пишува во неговата биографија?

Редакција

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Редакција

„Оземпик“ да се користи единствено по препорака на лекар за третман на тип 2 дијабетес, а не за слабеење

Редакција