еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новинарот Љупчо Златев обвинет за одавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против новинарот Љупчо Златев, главен и одговорен уредник на порталот „Лидер“ за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје.

Во текот на првата половина на јули, како што информираат од скопското обвинтелство, обвиниетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин.

Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата за национална безбедност.

– На 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“.

На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“.

Во двата текста обвинетиот на јавноста и сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации, велат од скопското обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Златев за обвинението за одавање службена тајна: Информациите беа од јавен интерес

Фото: Фејсбук/Златев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата продаде дел од имотот на Мијалков, ќе се продадат ли и неговите акции

Редакција

(Фото) Springfield ја лансира линијата R[ECO]NSIDER

Редакција

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Редакција