еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Фетаху позитивен на Ковид-19

Вршителот на должност поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху, на својот Фејсбук-профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за Ковид-19. За жал, тој излезе позитивен.

Во моментов сè е нормално и нема никакви проблеми ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах.

Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“, пишува Фетаху, кој за разлика од неговиот претходник Сулејман Реџепи, кој го прогласи вирусот за мртов, сериозно се постави кон пандемијата.

Duke patur kujdes për familjen time, bashkpuntorët e mi, si dhe të gjithë besimtarët dhe qytetarët, vendosa që të bëjë…

Posted by Shaqir Fetahu on Четврток, 30 јули 2020

Фото: Фејсбук/Фетаи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ одржа голем протест против „неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“

Редакција

Засега 28 лица осомничени за трагедијата во Кочани, тројца се во болница

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на ГТЦ за набавка на струја вреден 863.000 евра

Редакција