еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Македонците нема влез во ЕУ до септември

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одлучија на жителите од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, да не им дозволат влез во Европската Унија до септември.

„Ројтерс“ јавува дека амбасадорите одлучиле да ја намалат листата на безбедни земји во кои се дозволуваат несуштински патувања на вкупно 11. На листата на безбедни земји во кои Ковид-19 се смета дека е под контрола се Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.

Кина е исто така одобрена како безбедна дестинација за граѓаните на ЕУ, но само доколку кинеските власти донесат идентична одлука за влез на државјаните на ЕУ на кинеска територија. Од друга страна, Алжир со најновата одлука на амбасадорите е исклучен од листата на безбедни земји.

„Танјуг“ јавува дека списоците нема да се ревидираат во текот на август, поради фактот што европските институции овој месец се на одмор, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од Ковид-19.

Како и досега, на жителите од земјите на Западен Балкан им е забранет влез во земјите-членки на ЕУ поради високиот број на заболени од Ковид-19, кој во изминатиов период властите не успеаја да го намалат.

Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што само се потврди претходната одлука.

Мета/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 39,7%: За една недела 2.076 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Османи: Венецијанската комисија ја споменав само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за имињата на новите клубови

Редакција

Предлог-законот за 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училишта стигна во Собрание

Редакција