еМагазин
Image default
Македонија

Новите четворица заразени со Ковид-19 во Кавадарци се на возраст од 20 до 24 години

Младите и натаму заболуваат од коронавирус во Кавадарци. Регистрирани се четири нови случаи, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените, по двајца од двата пола, се на возраст од 20, 22 и 24 години. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Еден од нив кажал дека имал контакт со заразено лице, а останатите рекле дека не знаат дали имале контакт со позитивни на Ковид-19.

Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

46,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

Вкупно 671 здравствени работници заболеле со Ковид-19, оздравеле 496

Вкупно 203 импортирани случаи на Ковид-19, последниот е од пред неколку дена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на Обвинителство за „Трезор“

Редакција

Денеска четврти обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Нови рочишта за „Маџар телеком“, „Трезор“, „Монструм“ и „Транспортер“ на СЈО

Редакција