еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на Специјалното јавно обвнителство (СЈО).

Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со СЈО, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и дека на следното ќе се слушаат разговорите од „бомбите“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од СЈО.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли како кула од карти предметите на СЈО во судот во Стразбур?

Кој каде се враќа: Лиле Стефанова во Обвинителството во Радовиш, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска во скопското

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Епидемијата се стабилизира, да празнуваме одговорно и да не ризикуваме уште еден силен бран

Редакција

Анкета на Брима Галуп: 10% од Македонците носат маски, 5% ракавици, а 9% не презеле никакви мерки за заштита

Редакција

Од МНР тврдат дека информациите за употребата на македонскиот јазик во рамки на ОН, биле шпекулација

Редакција