еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе паднат ли како кула од карти предметите на СЈО во судот во Стразбур?

Вплеткувањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство, веќе и реално влијае на судбината на предметите за кои поранешното Специјалното јавно обвнителство (СЈО) има обвинение, истрага или предистрага, а кои од пред неколку дена завршија во рацете на Јавното обвинителство.

Голема дилема е што ќе се случува со предметот „Империја“ во кој истрага се води и за сведокот-жртва во „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев, а адвокатот на Томе Главчев, сопственикот на „НОЕЛ“ Гевгелија, Петро Јанура информираше дека сите три жалби поднесени од Главчев во врска со предметот „Поштенска банка” на СЈО се прифатени од Судот во Стразбур.

„Во име на Томе Главчев, сопственикот на ‘НОЕЛ’ Гевгелија, поднесени се три жалби до Европскиот суд за човекови права. Жалбите се поднесени во врска со предметот ‘Поштенска банка’ на СЈО, каде што жалителот има статус на осомничен во истрагата. Сите три жалби се прифатени од Европскиот суд, односно успешно ја поминаа првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеноста и се проследени на понатамошно постапување.

Жалбите беа поднесени поради флагрантно кршење на човековите права на мојот клиент, направено со истражните дејства и постапувањата на СЈО и на судот во рамките на истрагата за предметот ‘Поштенска банка’.

На барање на СЈО, а со прифаќање на судот, беше извршен личен претрес и претрес на дом и деловни простории, одземање на патна исправа на мојот клиент, како и замрзнување на недвижен имот.

Фактите укажуваат на тешко самоволие, односно класична арбитрарност во постапувањето на СЈО и на домашните судови. Станува збор за цел еден сублимат на повреди на човековите права врз мојот клиент, и тоа: право на правична судска постапка, право на почитување на приватниот и семејниот живот, слобода на движење, право на реална жалба и право на заштита на сопственоста“, информираше Главчев, кој потенцира дека неговиот клиент претпрел големи штетни последици, кои се уште ги трпи.

Нема да биде никакво изненадување за брзо време, поради инволвираноста на Јанева во „Рекет“ или поради други причини и други предмети на СЈО да бидат оспорени пред судот во Стразбур.

За колку предмети СЈО има подигнато обвиненија?

Во предвидениот рок, согласно Закнот за СЈО, од СЈО имаат подигнато 20 обвиненија.

Станува збор за предметите: „Титаник“, „Тврдина и Таргет“, „Транспортер“, „Т.Н.Т.„, „Титаник 2“, „Титаник 3„, „Тортура“, „Тврдина 2“, “Насилство во Општина Центар“, „Трезор„, „Топлик„, „Тендери“, „Тарифа“, „Триста“, „Тенк“, “Труст“, „Тотал“, „Тифани“, „Траекторија“ и “Тревник“.

Колку предмеди се со судска пресуда?

Епилог има само за неколку од нив: „Тенк“, „Труст“, „Тифани„ „Триста“ и „Тревник“.

Најпознат на јавноста и е „Тенк„, за кој затворска казна добија и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега од Македонија и стана поолитички азилант во Унгарија и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која неодамна доби одложување на затворската казна.

Случајот се однесува на набавката на блиндираниот Мерцедес.

За „Труст“ затворска казна доби и бизнисменот Сеад Кочан, кој моментално е на отслужување на истата.

Случајот се однесува на добивање на незаконски тендер.

Предметот „Тифани“ се однесуваше на даночно затајување, за кој новинарката Ивона Талевска, доби условна затворска казна и обврска да ги врати парите за данокот кои биле затени.

За случајот „Тревник“, новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа беа прогласени за невини.

Предметот се однесуваше за бесправна градба.

За случајот „Триста“, поранешнииот помошник министер во Министерството за внатрешни работи (МВР), Ѓоко Поповски доби затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Случајот се однесува за набавка на 300 возила во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

Има ли шанса Катица Јанева од Шутка да заврши во домашен притвор?

Кој каде се враќа: Лиле Стефанова во Обвинителството во Радовиш, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска во скопското

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Џамбаски не престанува со провокациите: Заев заборава дека Македонија е бугарска, се потсетува кога бара нешто

Редакција

Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги

Редакција

Филипче најави смена на Зибери, директорот на ЦЈЗ, ако е правно можно уште денеска

Редакција