еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

За да излезе од притвор во кој заврши поради случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како гаранција нуди недвижен имот.

Телевизијата Телма објави дека Јанева нуди три стана за да се брани од слобода, а информацијата за телевизијата ја потврдила нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, која вели дека се работи за недвижности кои се нејзина и сопственост на фамилијата на Јанева.

Колкава е точната вредност на имотот кој го заложила Јанева за сега не е познато, а во нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување на корупција има одредени проценки на истиот.

Во текот на изминативе четири години Јанева направила само една промена во анкетниот лист, односно купила половно возило.

Задолжена со кредити: Каков имот пријавила Катица Јанева?

еМагазин неодамна пишуваше со каков се имот располага Јанева.

Според нејзиниот анкетен лист, таа на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок.

На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско.

На свое име пријавила и возило Ровер 45, а на име на децата возила Голф 4 и Ауди А6.

Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата.

Интересен детал од нејзиниот анкетен лист е дека пријавила четири кредити, еден на име на децата, а три на свое име, кои се уште се исплаќаат.

На свое име пријавила кредити од 1,7 милиони денари, 1,9 милиони денари и 3,6 милиони денари, а два од нив треба да ги исплати до 2034 годиниа. Ги зела во периодот од 2014-2015 година.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли како кула од карти предметите на СЈО во судот во Стразбур?

Има ли шанса Катица Јанева од Шутка да заврши во домашен притвор?

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинува дизелот, поскапува Еуросупер БС-95

Редакција

Османи убеден дека Макрон “Северномакедонци“ го кажувал без навреда

Редакција

Викендов променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Редакција