Новогодишната реклама на McDonald’s за полскиот пазар искористи песна од каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање музика „Филтер Лабел„.
„Креативниот директор кој работеше на рекламата, сакаше да отстапи од непишаното правило, во празничните реклами да се емитуваат обработки на божиќните класики и побара емотивна балада што на финалниот производ ќе му даде романтичен призвук.
Песната „Second to None” од групата Parisian Pass беше единствената песна предложена од „Филтер Лабел“ и беше веднаш прифатена со образложение дека совршено одговара на креативниот концепт, затоа што е „романтична, но не и патетична, со празничен призвук, а без меланхолија“,“ информираат од „Филтер Лабел“
Parisian Pass е шведска поп/рок група, која создава музика под силно влијание на американскиот кантавторски звук, а нивните песни критиката често ги споредува со Kings of Convenience, Joni Mitchell, José González и Erlend Øye.
Песната „Second to None” се наоѓа на изданието „The Boy and the Birds”, објавено за „Филтер Лабел“.
Пласманот на синглот на Parisian Pass во новогодишната реклама на McDonald’s е продолжување на меѓународната актвност на „Филтер Лабел“.
Претходно, песни од каталогот на македонскиот издавач се најдоа во реклами и на други светски
брендови, меѓу кои и Samsung, Nestle, Nike, Allegro, Mytheresa, како и во многу популарни серии и филмови, вклучувајќи ги Shameless, Legacies, The OA, Exatlon, CSI и Nikita.
Новата реклама на McDonald’s со музика од Parisian Pass може да се погледне на следниов линк:
Песната “Second To None” може да се слушне на сите музички сервиси на интернет преку следниов линк: filterlabel.fanlink.to.