еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Oперационите сали ќе почнат со работа со користење на надворешни компресори

Од Министерството за здравство (МЗ) информираа дека заменик министерката за здравство Маја Манолева донела наредба операционите сали во хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да отпочнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.

„Во наредбата до УК за урологија, за ТОАРИЛУЦ, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична и реконструктивна хирургија, за торако-васкуларна хирургија, за детска хирургија реализирањето на оперативниот програм да се организира по принцип работа во две смени (прва и втора), а оперативниот план и редослед на пациентите да се реализира согласно Одлука и утврден распоред од страна на стручниот колегиум на секоја јавна здравствена установа.

Дополнително, Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ да продолжат да работат со максимално искористување на капацитетите и со поддршка од дополнително потребен здравствен персонал согласно склучени договори за соработка со универзитетските хируршки клиники при Клинички центар кои е потребно да се достават до Министерството за здравство,“ информираат од таму.

Наредбата предвидува секоја од клиниките да стапи во контакт со Клиниката „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“ за потребата од дополнителен персонал кој ќе биде пратен на работа како помош за одреден временски период, а врз основа на склучена спогодба за меѓусебна соработка помеѓу јавните здравствени установи.

Од МЗ информираат и дека на следната владина седница, Манолева ќе достави информација и ќе побара од Владата да ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да спроведе итна набавка на нова компресорска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хируршките сали на Клиничкиот центар ќе останат затворени, ќе се оперираат само итни случаеви

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студено и врнежливо време неделава, раст на температурите се очекува за престојниот викенд

Редакција

Бајден избран за претседател на САД

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.559

Редакција