еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„О2 Иницијатива“: Загадениот воздух не прави и агресивни

Најновите истражувања покажуваат дека покрај тоа што загадениот воздух нè прави болни, нè прави и поагресивни, пишува „О2 Иницијатива“ на нивната фејсбук-страница.

„Загадениот воздух знаеме дека предизвикува редица аномалии и болести, од респираторни, срцеви удари, мозочни удари, канцер, неуролошки пореметувања, репродуктивни, спонтани абортуси, генетски мутации, зголемена појава на депресија и други ментални болести, го намалува умствениот капацитет, листата е долга.

Но, како загаденоста расте, така се зголемува и насилството, вклучувајќи го и домашното насилство.Насилството не мора да е секогаш физичко, може да биде и вербално. Просто кажано, при загаден воздух, она што не морало да ескалира, ескалира. Станавме нација на болни, глупави и агресивни луѓе“, велат од „О2 Иницијатива“ приложувајќи студија за ова тврдење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Агенда 21“ – ново еколошко шоу на телевизија Телма со Весна Петрушевска и Игор Џамбазов

Редакција

Помор на риби на вливот на Кумановка со Пчиња, се утврдуваат причините

Редакција

(Фото) Каков воздух дишат децата додека играат фудбал во скопски Аеродром

Редакција