еМагазин
Image default
Бизнис

Објектот кај ТЦ Плаза под лупа на Обвинителството

Јавното обвинителство по кривична пријава оформило предмет, кој се наоѓа во фаза на предистражна постапка во врска со градењето на поранешно „Беко“ односно ТЦ Плаза.

Од Државна комисија за спречување корупција (ДКСК) велат дека ваков одговор добиле од Обвинителството, но најавуваат дека будно ќе го следат случајот, иако, како што нагласуваат засега нема да постапуваат, туку ќе остават тоа да го направат надлежните институции.

– Ние се обративме до Јавното обвинителство (ЈО) со прашање дали таму е оформен предмет и дали се постапува по предмет поврзан со градењето на поранешно „Беко“, односно ТЦ Плаза.

Оттаму добивме одговор дека ЈО по кривична пријава оформило предмет, кој се наоѓа во фаза на предистражна постапка, дека се работи за обемен и комплексен предмет по кој ЈО презема повеќе дејствија, па во таа смисла и прибавува материјална документација, податоци од релевантни институции, врши испитувања на лица и донесена е наредба за вештачење, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска пред почетокот на денешната седница.

Ивановска најави дека будно ќе ја следат состојбата и понатаму дотолку повеќе што, како што нагласи, се информирани дека има донесено решение од градежен инспектор дека станува збор за дивоградба.

– Оставаме простор на надлежна институција да си постапува, меѓутоа будно ќе ја следиме оваа ситуација, рече таа и додаде дека засега ДКСК нема подетално да истражува и нема да се предложи оформување посебен предмет поврзан со оваа работа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови протоколи: На една маса во кафетериите и рестораните ќе можат да седат неограничен број гости

Редакција

Прометот во индустријата во јули зголемен за 10% во однос на лани

Редакција

Комерцијална банка ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност во странство

Редакција