еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи

Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил објави дека врз основа на потпишан билатерален договор, Обединетото Кралство е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

-Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Северна Ирска, пишува Спасовски.
Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Познат македонски бизнисмен ужива на Тајланд, место каде што се снимале голем број филмови

Редакција

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција

НБ-Цомпану склучи договор вреден 23 милиони евра за втората фаза за изградба на нов објект за театар и библиотека во Тетово

Редакција