Порталот Сакам да кажам пишува дека пред да биде одложено денешното судење за „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), адвокатот на обвинетиот Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, им се обратил на обвинителите од СЈО, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи и им рекол дека одбраната е поревносна за лоцирање на сведок за случајот.
„Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, Вие сте подобри од нас, секако“.
Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.
Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“
„Кој Ви се заканувал“, праша адвокатот.
Тогаш, Фетаи му рече на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата’“.
Адвокатот негираше гласно, а во таа вжештена атмосфера ништо не кажаа обвинетите Алими и Исмет Гури“, пишува СДК.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Алими од ДУИ бара јавно извинување од Фатиме Фетаи
„Титаник 3“ продолжува на 22 февруари, за да се обезбеди клучен сведок
Фото: Фејсбук/Алими