еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од Обвинителство за сообраќајката во центарот на Скопје во кој е усмртен пешак

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Од Jавното обвинителство информираа дека првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка „бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот.

– По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.

Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата, се наведува во соопштението.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За помалку од една недела уште еден пешак усмртен на скопските улици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донесен здравствен протокол: Како ќе работат хотелите и туристичките објекти во Грција

Редакција

Ќе има проблеми со функционирањето, трошоците за струја на Гостиварската општа болница зголемени за 800%

Редакција

Температури и до минус 11 степени до крајот на неделата

Редакција