еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две лица уапсени за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, Обвинителството побара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски.

– Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик.

Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент, велат од ОЈО за МИА.

Трагата на Костадиновски му се губи на 4 март кај Амбасадата на Чешка, а неговото исчезнување го пријавил неговиот брат. Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен од 6 март.

– На 04.03.2023 во 8 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезнат 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И ракометарот Борко Ристовски во тимот на стратешки соработници на Мицкоски: Кои се другите

Редакција

Материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија ќе има до 1 септември, велат од МОН

Редакција

Од Ковид-19 починале шест лица, дополнително пријавени уште петмина

Редакција