еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството на Монако постапило по барањето на нашето за предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, информираат од таму.

„На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија.

Во исто време, обвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на Судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка.

Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Република Македонија“, се вели во соопштението на ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина родилката од Куманово заболена со коронавирусот, имаше само 27 години

Редакција

Заев образложи зошто ќе биде и министер за финансии, Тевдовски веројатно останува советник

Редакција

Замразнат имотот на Рашковски кој го подари на децата, а продолжен му е и куќниот притвор

Редакција