еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои се најдобрите ресторани во Скопје

„Лајт џез клуб“, „Стара градска куќа“ и „Скопски мерак“ годинава се најдобри три ресторани во главниот град, избрани од Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со SWOT Research – специјализирана  агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата.

Плакетите на 11-тата манифестација „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Скопје на годинашните добитници им ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој  на Град Скопје.

– Скромните признанија во форма на плакети што сега ги доделуваме, ќе се потрудиме во наредните години да прераснат во награди што ќе бидат синоним за квалитет на еден угостителски објект. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот, рече Тодоров.

„Лајт џез клуб“

„Стара градска куќа“

„Скопски мерак“

Фото: Фејсбук-страници на „Лајт џез клуб“, „Стара градска куќа“ „Скопски мерак“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се најдобрите гостилници во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Ковачевски и Мицкоски во среда

Редакција

Сѐ уште не се знае кога и кој ја оштетил таблата за струја во прилепската модуларна болница, Обвинителството отвори предмет

Редакција

Распродажба во УЈП: Запленети автомобили и машини по багателни цени

Редакција