еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството нареди истражна постапка против девет лица за криумчарење мигранти

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека е издадена наредба за истражна постапка против девет лица осомничени за кривично дело „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“.

За седуммина од осомничените е определена мерка притвор, а за двајца – мерки за претпазливост.

Во текот на првата половина од 2017 година тројца од осомничените од користољубие создале и организирале група за вршење кривично дело – криумчарење мигранти. Подоцна кон групата се приклучиле и останатите осомничени. Групата во текот на 2017 година и првата половина од оваа година, организирала комплетно патување од матичните земји, преку земјите членки на Европската Унија и Доминиканската Република, до САД и Канада како земји на крајна дестинација.

– Осомничените како организатори на криминалната група, откако ќе оствареле средба со потенцијалните мигранти, ги врбувале и го договарале начинот на обезбедувањето и висината на паричниот износ што се движела од 20.000 до 25.000 американски долари по лице, а се исплаќала по пристигнувањето на крајната дестинација. Организаторите го планирале бројот на лицата што ќе бидат криумчарени, временскиот период, рутата по која ќе биде реализирано патувањето и локациите каде времено ќе бидат сместени мигрантите во текот на криумчарењето, информира Обвинителството.

За потенцијалните мигранти – македонски и албански државјани кои не можеле да добијат регуларни визи од Амбасадата на САД, обезбедувале фалсификувани документи, со резервирање и купување авионски и автобуски билети, како и со резервирање и плаќање привремено сместување на мигрантите во хотели, мотели и хостели во земјите од рутата.

– Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител  до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мека притвор за сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и со Решение им определи мерка притвор на седуммина од осомничените, а на двајца им определи мерки за претпазливост, наведува ЈОРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Редакција

Кривична пријава за полициски инспектор за лажни свидетелства и диплома

Редакција

Висока бројка на нови заболени: 1.031 случаи на Ковид-19 од 4.373 тестирања

Редакција