еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори предмет за невработената докторка од Србија која изврши царски рез во битолската болница

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола оформи предмет по добиена анонимна пријава на 12 јануари 2021 година, а во врска со постапување на лекари специјалисти – гинеколози од Клиничка болница Битола и едно лице странски државјанин за кое постојат основи на сомневање дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција.

-Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена од СВР Битола на 8.2.2021 против три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција врз родилка, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство.

По завршувањето на интервенцијата,едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции на 1.1.2021 година, се вели во соопштението од ОЈО.

Од Обвинителството информираат дека се издадени наредби за собирање потребни известувања до СВР Битола, испитани се две лица кои дале свои сознанија за настанот и поднесено е барање до Лекарската комора на РСМ.

На 3.2.2021 година јавниот обвинител издаде Наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за Гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци, односно се отстранувани страници, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за доктори од Битола, извршено породување со царски рез од невработен гинеколог

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 20-годишен радовишанец, му се слошило откако го уапсиле за поседување марихуана

Редакција

(Видео) Премиерот Заев „провери“ да не има утка со германското знаме

Редакција

“Република Бехтел и Енка Македонија“: Твитер реакции за законските измени за американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите

Редакција