еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството побара притвор за уште едно лице кое протестирало за пресудата за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за едно лице за кое е поведена постапка за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на возраст од 21 година, на 26 февруари учествувал на јавниот собир на граѓани во Скопје, на протест за пресудата во предметот „Монструм“.

Притоа тој бил дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица.

Имено, осомничениот и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

„Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се дадат во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, вели ОЈО.

Претходно, Обвинителството поведе постапка за уште неколку други учесници во протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за тројца демонстранти, кои протестираа за пресудата за „Монструм“

Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 21 лице од Ковид-19, вкупно 2.375

Редакција

“Францускиот предлог“ не е конечен, од три прашања зависи дали Македонија ќе каже „да„ или „не„

Редакција

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на престижната воена академија „Вест Поинт“ во САД

Редакција