еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Учество во толпа, соопшти Јавното обвинителство.

„Осомничените, на возраст од 22 и 19 години, учествувале на вчерашниот јавен собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“.

По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, се наведува во соопштението.

Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои извршиле насилнички дејствија за време на протестот, Основното јавно обвинителство Скопје и за нив ќе поведе кривична постапка“, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинар тешко повреден на вчерашниот протест за случајот „Монструм“

Остра осуда за нападот на новинарите на вчерашните протести за „Монструм“

(Видео) Хит на Твитер: Ладнокрвно „мотање“ тутун сред жестоки протести за „Монструм“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Алкалоид – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2022 година

Редакција

Кој е Јован Деспотовски, кандидат за нов претседател на СДСМ

Редакција